Испорака и враќање
1. Територија на испорака
Испорака се врши исклучиво на територијата на Република Северна Македонија.
2. Начин на испорака
Испораката се врши преку приватна курирска служба избрана од страна на продавачот.
3. Време на обработка и испорака
Нарачките се обработуваат во рок од 3-10 работни дена.
За производи кои се изработуваат или гравираат по нарачка, времето на подготовка може да биде подолго.
Стандардното време за испорака е до 10 работни дена.
4. Цена на испорака
Испораката е бесплатна за сите нарачки.
Трошокот за испорака е веќе вклучен во цената на производите.
5. Неточни податоци и неуспешна достава
Купувачот е должен да внесе точни податоци за достава.
Во случај на:
- неточна адреса,
- недостапен телефонски број,
- одбивање на пратка без причина,
продавачот го задржува правото да одбие идни нарачки или да побара претходна уплата.
6. Оштетени пратки
Доколку пратката пристигне видливо оштетена, купувачот е должен веднаш да го извести курирот.
Рекламации за транспортни оштетувања по преземање на пратката без забелешка нема да бидат прифатени.
7. Враќање и замена
Купувачот може да побара замена или враќање само во случај на:
- оштетен производ,
- погрешно испорачан производ,
- производ со фабрички недостаток.
Барањето мора да биде испратено во рок од 48 часа по приемот на пратката.
8. Персонализирани производи
Производи изработени или гравирани по нарачка не подлежат на враќање или рефундација, освен во случај на грешка од страна на продавачот.
9. Контакт
Е-пошта: rokacollective@gmail.com
Телефон: 070 375 118