Сигил
Сигил
Не можеше да се вчита достапноста за подигање
Изработена од природно буково дрво и рачно обработена до последен детал, секоја ROKA даска е создадена да се користи — и со време да добива уште повеќе карактер.
Површината е заштитена со уникатна мешавина од парафинско масло и пчелин восок кои го хранат дрвото без да ја сокријат неговата природна текстура и длабочина.
Без токсични премази. Без вештачки финиши. Само вистинско дрво што старее достоинствено.
Со секоја употреба, секоја трага и секој засек, даската станува поавтентична, потемна и повпечатлива.
Не стои на полица и не чека во магацин. Секоја ROKA се изработува по нарачка, се гравира и завршува пред да стигне до вас. Поради тоа, времето за изработка и испорака е 7–10 работни дена.
Share
Што треба да знаеш?
Од што е изразботена?
Секоја ROKA даска е изработена од внимателно одбрано дрво.
Даската е составена од цврсто споени букови летви, избрани поради нивната стабилност, издржливост и природна убавина. По обработката и гравирањето, секоја даска се финишира со минерално масло и нашата сопствена формула од природни масла и пчелин восок.
Создадена да се користи.
Создадена да трае.
По што се разликува ROKA?
Повеќето даски се само уште еден кујнски предмет.
ROKA е создадена да стане дел од приказните што се случуваат околу масата.
Препознатливи форми, оригинални гравури, природно дрво и финиш кој го истакнува карактерот на секое парче. Со текот на времето, секој засек, секоја гребнатина и секоја трага стануваат дел од нејзината приказна.
Не е создадена да стои на полица.
Создадена е да се користи.
Може ли да сечам на гравираната страна?
Можеш. И треба.
Гравурата не е отпечаток ниту површински слој. Таа е дел од самото дрво.
Даската е целосно функционална и направена за употреба.
Сепак, многу сопственици избираат едната страна да ја користат за сервирање, а другата за секојдневно сечење.
Изборот е твој.
Како се одржува?
Едноставно.
Измијте ја рачно, избришете ја по употреба и не ја оставајте потопена во вода.
НИКОГАШ не ја ставајте во машина за садови.
За да го зачувате изгледот и заштитата на дрвото, повремено освежете ја со минерално масло, пчелин восок или со нашата сопствена формула.
Повеќе информации ќе најдете во упатството за одржување кое доаѓа со секоја даска.
Ќе остане ли совршена засекогаш?
Не.
И не треба.
Дрвото се менува со употреба. Ќе се појават траги, гребнатини и мали лузни. Тоа не се недостатоци — тоа е карактер.
Совршена даска е даска што никогаш не била користена.
ROKA е создадена да собира приказни, а не прашина.
За најдобри резултати, следете ги упатствата за одржување кои доаѓаат со секоја даска.
Колку време е потребно за изработка и достава?
Секоја ROKA даска се изработува по нарачка.
Откако ќе биде обработена, гравирана, заштитена и финиширана, внимателно се подготвува за испорака.
Потребни се 7–10 работни дена за изработка и достава.
Некои работи едноставно не треба да се брзаат.